Бизнисот го крева гласот против даночната политика на власта

Не за зголемување на даноци во 5 до 12, туку заштита од нагли промени во последен момент. Бизнисот бара Владата да следи точно утврден даночен календар, односно до 30-ти јуни во тековната година да ги најавува даночните промени што ќе стартуваат од наредната година. Сметаат дека ова треба да биде пракса во иднина независно од тоа кој е на власт, за фирмите да можат навреме да ги планираат активностите. Бараат веднаш да стапуваат на сила само законите со кои се намалуваат  даноците и придонесите ,за да му се помогне на стопанството.

Оваа година компаниите се соочуват со зголемен персонален данок, придонеси и минимална плата, а лани Владата ја покачи акцизата за дизелот без претходна најава. Фирмите мораа брзо да ги менуваат веќе донесените планови и да работат со драстично поголеми трошоци.

Бизнисмените не кажуваат дали во моментов се вклучени во разговори околу нови даночни реформи, иако претходно СДСМ најави дека секоја година постепено ќе има промени.

Вицепремиерот Анѓушев рече дека барањето на бизнисот било логично, но дека е под надлежност на министерството за финансии, па Владата ќе се изјаснела кога тоа ќе биде официјално примено. изјаснела кога тоа ќе биде официјално примено.

Се чини ефектите од зголемениот персонален данок уште во првиот месеец од годинава не ги даваат очекуваните резултати. Министерството за финансии објави дека приходите од повисокиот данок на доход биле зголемени за скоро 14% во јануари. Сепак, институтот Finance Think пресмета дека ако Владата сака да собере годинава плус 25 милиони евра по овој основ, јануарските бројки не и одат во прилог. Вкупните приходи од персоналец изнесувале 6.2% од вкупно предвидените, што е помалку од очекуваните 8.3%.

Тања Попова