Бизнисмените алармираат – Власта останува глува на нашите барања

Македонија има полоша бизнис клима во однос на државите од регионот. Ова го сметаат две третини од компаниите членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Тие уште во јануари доставиле 39 барања до Владата за подобрување на состојбата, но одговор добиле само на 2.

  • Вицепремиерот Анѓушев ни вети дека до 31 декември ќе одговори уште на 34 од нашите барања меѓу кои е и обештетувањето на фирмите за поплавите во Сингелиќ, рече Хоџа.

Бизнисмените од Стопанската комора на Северозападна Македонија бараат и деблокирање на деталните урбанистички планови реформа на администрацијата, но и попис на население со графа националност односно етничка припадност на потрошувачите, како подобрување на условите за работа на индустриската зона Визбегово, која во моментов е една од најлошите по инфраструктура.

Бизнисмените велат дека власта мора сериозно да се посвети на спроведувањето на децентрализацијата со што ќе се обезбеди и рамномерен регионален развој.

Од реализацијата на барањата, велат од Комората, ќе зависи растот на приватните инвестиции, зголемувањето на бројот на вработени, како и развојот на регионите. Очекуваат следната година институциите да имаат поголем слух бизнисот.

Борис Грујоски