Беџети: Заев бараше од мене да влијаам врз членови на Судскиот совет

Како бомба одекна веста дека премиерот Зоран Заев врштел притисок врз градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, за да влијае врз одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд.

Беџети тврди дека премиерот Заев му се јавил на 17 јули и му рекол дека треба да помогне да смени претседател на суд и таа работа треба да биде завршена до септември.

„Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциската комисија која за мене е корумпирана комисија и покрена постапка за мене. Сигурен сум дека ваквите дејствија на комисијата се последица на притисокот што го одбив да им кажувам на одредени членови како да гласаат“, рече Беџети.

Обвиненијата на Блерим Беџети се спротивни од ставовите на премиерот Заев, кој во  изминатиов период тврдеше дека не му паѓа на памет да врши влијание врз судството и дека тоа мора да биде ослободено до стегите на политиката.

-Апсолутно не ми паѓа на памет да влијаам на институции, судови и обвинители- вели премиерот Заев

Беџети вели дека изминатиов период врз него се врши политички притисок и дека премиерот Заев му се јавил и од него барал да ги поништи легализациите на дивоградбите, премиерот  преку неговиот шофер му ја пратил целосната документација за платформите на Матка, појаснува Беџети.

Тој се закани дека доколку Владата им ги одземе надлежностите за Матка, организирал  референдум на кој по тоа прашање ќе се изјаснат жителите на Сарај. Беџети тврдии дека градоначалникот Шилегов од него побарал да сруши една, а да ги остави двете платформи со цел да се заврши целата работа.

Шилегов пак реагираше, па појасни дека побарал да биде урната платформата која почна да се гради годинава, а за која градоначалникот Беџети тврдел дека постоела долги години наназад и дека се врши реконструкција., Тој додава дека Општина Сарај да распишува референдум околу ингеренциите за кањонот Матка, бидејќи тоа е природно богатство кое припаѓа на сите граѓани.

Joвана Грчева