Бектеши: Ќе ги замрзнеме цените во прехранбената индустрија, се забранува и акциска продажба во маркетите до 30 ноември

Власта се пишмани. Откако кажа дека нема да има замрзнување на цените за храната, сега рече дека сепак ќе стават мраз на цените на основните производи од следната недела. Ова се случува откако граѓаните беа ограбени со бранот поскапување од дури 47% на храната, за разлика од другите земји каде поскапување имало од само 10 до 20%. Новите, намалени цени ќе важат од вторник или среда. Како што рече министерот за економија, Крешник Бектеши, повеќе нема да има акции по маркетите, барем до крај на ноември, а ако требало и понатаму.

Откако ќе се намалат цените за 10% линеарно на сите прехранбени продукти, точно ќе се знае колку е цената на одреден производ, со цел, трговците да не можат да манипулираат.

  • „Ова може изгледа како чудна одлука, оти се чини дека ќе им скратиме на граѓаните одредени права, но не е така. Веќе од идната недела следи замрзнување на прехранбените производи“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој најавува дека ќе бидат соопштени цените на сите производи кои ќе бидат замрзнати, со што граѓаните ќе можат да контролираат по која цена се продаваат производите во маркети. Оние ланци кои нема да ја почитуваат мерката и ќе ги подаваат продуктите по повисоки цени им се закануваат високи казни, но и затворање.

  • Наредна недела ќе следи одлука за замрзнување на цените во прехранбената индустрија. Забележано е дека некои ланци супермаркети прават измама со можностите за акциска продажба или намалување. Точно ќе знаат колку е одредена цена, а не да се калкулира дневно или неделно со тие цени и да се доведуваат во заблуда граѓаните. Замрзнувањето е за да се знаат цените точно колку е и колку ќе биде намалувањето, а не да им се дава можност на одредени трговци со тоа да злоупотребуваат“, кажа министерот.

Според инспекцијата, пак, енормно високите цени биле желба за профит на трговците, кои наспроти светскиот пад на цената на храната и натаму профитираат врз грбот на граѓаните. Пазарните инспектори ќе контролираат на терен, а се размислува за донесување на нов закон за нефер трговски практики.

Од економија за во понеделник најавија состанок со 7-8 големи синџири на маркети, а веќе од вторник објавување на намалените цени на секој продукт.

Дали и овој пат ваквите мерки ќе останат само уште едно празно ветување, останува да видиме. Искуиството од мимнатото покажа дека трговците правеа се за да ја изирграат мерката, а јавноста конкрертни казни не виде. Па така трговците на големо профитираа врз грбот на граѓаните.  

Борис Грујоски

Advertisements