Бектеши: Се ограничува трговската маржа за струјата на 10%

Среде енергетска криза власта одеднаш презентира стратегија. Се ограничува маржата за трговците на струја на 10% за да нема есктра заработки на грбот на стопанството, како што се случуваше и се уште се случува. Интересно, но сега ќе сме и помагале и на Србија, така барем тврди министерот за економија Крешник Бектеши. Сепак, дали и ова како мерка е доволно е дилема, ако се слуша аларммот на стопанството кое бара низа други мерки за да се спаси од целосен крах.

Државни институции, основни и средни училишта, не склучиле навремено договори за снабдување со струја, па сега го опртоваруваат буџетот на општините и на централната власт, вели минситерот за економија Крешник Бектеши. За да им се помогне на привантните компании, но и на јавните претпријатија и на училишта, Министерството за економија достави предлог до Владата, да се утврди највисока маржа, која ќе изнесува 10%, што трговците ќе можат да ја стават за тие што ги снабдуваат на отворен пазар, а дополнително донесена е препорака прифатена од Регулаторната комисија, за делот на маржите во краен случај која е намалена од 50% на 20%.

  • Ова е најголемата профитна маржа која трговците ќе може да ја вкалкулираат во цената за сите тие на слободниот пазар. Има одредени компании, јавни институции, средни и основни училишта, кои до ден денеска немаат договор за снабдување со електрична енергија, и за жал непотребно го трошат буџетот, било тоа да е на локалната самоуправа или пак на централно ниво. Затоа што тие средства може да се користат за инвестиции за подобрување на условите, а тие од јануари досега ги немаат склучено договорите и плаќаат 50-тина отсто поскапа енергија од тоа што е на берзите. Затоа ќе побараме извештаи кон почетокот на октомври, за тоа колку се штеди електрична енергија и од овие институции и тоа дали ги склучиле соодветно договорите, рече Бектеши.

Ваквиот прелдог беше на барање на стопанските комори, одреден период, додека трае оваа криза маржата на трговците со електрична енергија да се ограничи.

Во моментов на слободниот пазар има околу 1.500 компании, но и околу 500 институции од централната и локалната власт.

Во време на криза, вели министерот сите земји треба да си помагаат меѓусебно за да се преброди кризата, па така Македонија ќе и помогне и на Србија во делот на снабдувањето со струја. 

  • Министерството ја разгледува опцијата за склучување договор со Србија според кој двете држави ќе можат взаемно да отстапуваат одредени количини на електрична енергија. Трговската маржа за учесниците  на  пазарот на електрична енергија ќе се пресметува на просечната цена на електрична енергија за МWh од Унгарската берза за електрична енергија (HUPX) на дневно односно часовно ниво, на цената на електрична енергија за МWh во билатералните договори и цената на електрична енергија за МWh во договорите за снабдување со електрична енергија. А оваа одлука ќе се применува до 15 април следната година, кажа министерот.

Инаку, стопанството со последни сили се бори со високите сметки за струја. Бизнисмените се се повеќе загрижени за опстанок на компаниите, зашто засега нема конкретна помош за плаќањето на високите сметки.

Сега еден мегават струја на берзите надминува 800 евра, а се најавува дека цената ќе надмине и 1.000 евра. Во следниве две недели треба да се знае дали Бугарија ќе успее да ги заобиколи правилата на Европската Унија и со билатерален договор да испорача поевтина струја за македонските компании.  

Борис Грујоски