Бекир го копира Пендиков: По кафеанска тепачка уште еден самоосвестен Бугарин се сели во Бугарија, не можел повеќе да живее во Македонија

По обична кафеанска тепачка, самоосвестениот Бугарин Бекир Кадриески, ќе се селел во Бугарија. Не можел повеќе да живее и да се лекува во државава. Веќе видено сценарио и во овој случај. Сега првиот човек на бугарскиот клуб „Шемето“ стана главна ѕвезда кај источниот сосед по обичен инцидент во меана. Гостин беше на две телевизии, каде говореше колку бил неподнослив неговиот живот во Македонија.

-Сега ќе дојдам, дали утре или задутре ќе дојдам, да се подобрам со здравјето малку да се оспособам. Тука не сакам да живеам, значи во Македонија јас не можам да живеам, изјави Кадриески.

Примерот на Кадриески премногу наликува на оној со Христијан Пендиков. И тој по кафеанска тепечка стана главна ѕвезда во Бугарија. По него беше пратен владин авион од Софија, а младиот охриѓанец доби и специјални почести кај источниот сосед, иако станува збор за лице кое во Македонија е осомничено за трговија со дрога.

Кадриески очигледно посакува ист статус. Се жали дека не бил сместен во хотелски услови во болница, иако имал вртоглавица. Вели не успеале да му ја снимаат главата , бидејќи како што вели можеби и немале такви апарати.

-Ќе поднесам жалба за тоа што не ми пружија каква што треба помош, што ме ставија во една соба, два метри на два метри, со еден кревет од 50 сантиметри. И така ми дојде лошо, не можев да издржам. Докторите од време на време, ако ги викнев доаѓаа, ако не ги викнев не сакаа да доаѓаат, првото прашање им беше кој сте вие, јас сум претседател на Здружение на Бугарите во Македонија „Шемето“. И после тоа добро, знаеш какви се работите во Македонија, изјави Кадриески.

По тепачката Кадриески за бугарски телевизии даде две контадикторни изјави. За Еуроком вели претпоставувал дека бил нападнат поради својата бугарска самосвест, бидејќи меѓу голем број луѓе, само тој бил цел на нападот.

-Политичарите кажуваат тој е уапсен, тоа нема да се случи, тоа не е национална омраза, па каква омраза е тоа, во 100 луѓе во ресторанот ме напаѓаат баш мене, изјави Кадриески.

За во разговорот на бугарска Нова, да каже друга вистина, која во прилогот на Еуроком ја нема.

-Племе да ви *** ваше бугарско, ова она, жена, деца. Мрсен Бугарин, Торбеш, Бугарин, секакви работи. Јас се повлекував во автомобилот, па дојде од кога почна да ме удира во стомакот. Добивав закани ќе те убиеме, тоа е тука нормално, порача Кадриески.

На вавките се почести појави сигурно влијае и односот на македонските власти кон овие случаи. Кога е Пендиков во прашање, минстерот за надворешни работи Бујар Османи, дури отиде и во Софија да го посети Пендиков во болница. Тој дури и пресуди дека причина за нападнот кон него била неговата бугарска самосвест, иако судскиот процес за овој настан се уште не е завршен, а постојат основани сомненија дека причината за кафанската тепачка е сосем друга, бидејќи станува збор и за човек осомничен за трговија со дрога.

Матеја Петровски

Advertisements