Без пари и почит од државата Илинденската коњаница не се откажува од традицијата- денеска се во Цер, на половина пат до Крушево

Над 40 коњаници го одат патот на црешовото топче до Славно Крушево . Традиција стара скоро пет децении , секој Илинден, коњскиот од, низ различни краишта од земјава потсетува на стартот на револуцијата за слободна Македонија. Иако Илинденскиот марш е најголемата симболика на Илинденското востание , за власта коњаниците изгледа и не се толку важни. Алеснадар Пандов, предводник на најголемата коњаница, кој во моментов е на половина пат до Крушево, за Алфа од Цер сведочи дека во последните години на Мечкин Камен тие се последни во владиниот протокол , а празникот Илинден не се одбележува достоинствено како што доликува.
Министерството за култура не ни дава нема никаква поддршка . Тие и на самиот ден Илинден не третираат како нужно зло затоа што не има и неможат да ни го земат правото оваа традиција да ја задржиме . Меѓутоа таму не ставаат сосема на крај во цел тој протокол, а според мене и според секој кој го доживува Илинден како највисок национален празник, коњаницата треба да има поголемо значение , вели Александар Пандов учесник во коњаничкиот марш ,,Бигорски Манастир – патот на Црешовото Топче”
Коњаницата Бигоски Манастир се движи точно по рутата по која се движеле монасите од манастирот кои ги носеле црешовите топчиња . Моментално се наоѓаат во Цер , каде ќе преноќат , а во Крушево треба да пристигнат утре во попладневните часови . Досега се движат без проблеми и по предвиденото време . Иако температурите се високи, желбата да се одржи традицијата е поголема .
Сето тоа е составен дел од се ова и има преубаво дружење . Луѓето секаде каде ќе застанеме не пречекуваат со песни со ора, со знамиња . Илинденски како што доликува на крајот на денот , раскажува Пандов .
Она што радува е дека интерес има кај помладите . Коњаниците од речиси цела Македонија се составени генерално од помлади . Тие сами се финансиираат за целиот марш . Единствена државна институција која е поддржувач годинава е само Општина Аеродром . За учесниците е нејасно зошто власта не помага никако да се зачува традицијата .
Ние првата година бевме 15-тина луѓе сега сме 42 луѓе . Јас сум еден од постарите , сите се помлади . 4-5 се коњанички , девојки се и тоа е она што радува и жално е што државата има кренато раце од ова како традиција . Државата гледа да не минимизира како коњаници , а и целиот Илинден на крајот на денот, народен собир кој треба да е семакедонски, овие 7 години додека се тие на власт се прави од што мора да го прослават, такво е моето чувство и на најголем дел од македонците , додава Пандов .
За прв пат од Горно Лисиче до Крушево илинденскиот марш се случил во 1978 година . Тројцата другари Гоце Стефковски , Борче Стефковски и Борис Змејковски пладнето на 31 јули стигнале во Крушево . Годинава коњаницата брои 42 учесници . Од скопски Аеродром беа испратени на 28 јули со традиционална македонска музика културно уметничка програма .
Кристина Алексиеска