Без државна помош, ќе згасне туризмот на Охрид

Туристички Охрид замира-по хотелиерите кои најавија дека од средината на овој месец ќе стават клуч на врата, извесно е дека и угостителите ќе ги затворат објектите поради десеткратно повисоките сметки за струја. Ова практично значи згаснување на туристичкиот сектор.Не докусури тоа што сеуште плаќаме индустриска струја-велат од еснафот на угостители. Во услови кога нема никаква помош од државата, друго чаре нема.

  • Угостителите не се вон ова светска криза со која што се соочуваме изминативе месеци и за очекување беше дека голем број од угоститтелите своите бизниси ќе ги згаснат кон крајот на годинава, бидејќи режиските трошоци се прилично зголемени и тоа е ставка која не овозможува едно рентабилно работење“ рече Изјава Михаил Мишев-еснаф на угостители  Охрид.

Намалената посетеносот е разбирлива бидејќи кризата удира по сечиј џеб и секој сака да помине со што може помалку пари,од тука иако празниците се на прагот, не гледаме друг излез освен да се затворат локалите додека се овозможат услови за рентабилно работење-велат угостителите од сите градови. Дел од мерките кои се предлагаа за нив се неприфатливи.

  • Ова е бизнис, ние треба да поделиме плати,треба да платиме кирии, треба бизинисот да го одржуваме да е рентибилен, со тие мерки со намалувањњ на работното време, слушнавме дека наводно на терасите ќе било забрането да се грее, за нас тоа е неприфатливо“ вели Марио Трфуновски-здружение ‘’Клуб Еснаф’’- Битола:.

Ни треба помош од државата не за луксузирање,туку за опстанок,велат туристичките работници кои очекуваат намалување на давачките за урбана упрема или намалување на таксите и даноците и слично.Без конкретна помош од државата –како што велат,не ќе можат да излезат на крај со енергетската криза,што би било погубно посебно за туристички Охрид.

Росица Голабоска 

Advertisements