Безредие на струшкото крајбрежје – фирми без концесии со години остваруваат милионски профити од користење на плажите

Објектите послани на струшкото крајбрежје работат нелегално бидејќи договорите за концесионирање им се со години истечени.На крајбрежјето букално владее безредие,безмалку на секоја слободна површина се градат објекти од тврда градба, а никој не ги санкционира.

-Согласно законот за градежно земјиште и другите законски прописи,плажите се во надлежност на локалната самоуправа која наместо да спроведе соодветна постапка за нивно корисење, дозволува истите да бидат узурпирани од страна на локални моќници. Со амин на локалната власт, спротивно на препораките на Унеско кои воопшто не се почитуваат и спротивни на законските прописи, плажите функцонираат како приватни имоти-вели советникот Ален Деребан.

 “Од доаѓањето на Мерко за градоначалник, сите плажи се узурпирани и изградени со бесправни објекти, меѓутоа за жал државното правобранителство не превзело ништо да го заштити државниот имот во општ интерес на сите граѓани, иако тоа е искључива негова законска надлежност. Класична узурпација, класично кривично дело бесправно градење и класично кривично дело злоуптреба на службената положба и овластување од страна на надлежните органи”-вели Деребан – советник.

Иако работат на диво,со истечени договори,објектите на плажите се препродаваат од едни на други,а дел од плажите ги претвораат и во паркинзи.Веќе имаме вели Деребан и оградени плажи каде што целосно им е спречен пристапот на жителите и туристите. Згора на се’ освен на еден автокамп и еден хотел,на струшките плажи кои работат на диво,не е ангажиран нити еден спасител на вода.

 Во Струга ситуацијата е навистина загрижувачка, затоа што не се безбедни плажите за капење, спорт и рекреација”-велат Сашо Точко,од охридскиот Црвен крст

За илустрација на една од најатрактивните плажи во центарот на Струга поставени се 600 чадори за сонце,1200 лежалки и бидејќи фискални сметки не се издаваат 60.000 евра само за 20 дена завршија со нечии џебови, велат од струшкиот огранок на ВМРО ДМНЕ.

Росица Голабоска 

Advertisements