Безбедносни експерти: МВР мора да работи поефикасно, исклучувањето на е-маил адресите на училиштата не е трајно решение

Испраќачите на лажни дојави за поставени бомби во средните училишта си ја постигнаа целта, нарушена е довербата и безбедноста на граѓаните. Оваа игра ќе трае долго и македонските граѓани мора постепено да градат отпорност за ваквите ситуации, да нема ниту паника ниту страв коментира за Алфа, универзитетскиот професор Злате Димовски. Факт е вели, Димовски, дека се користат модалитети за на крај им се изгуби трагата, кој го користат и терористите, а крајниот резултат е создавање ниво на вознемиреност во државата.

  • Психилошкиот го постигнаа. Најголем дел од родителите се плашат да ги пратат своите деца на училиште затоа што можеби ќе има дојава и нормално размислуваме што ако таа дојава се овистини, што ако наместо лажна биде вистинита..И психилошкиот ефект, на голем број полиција во училиштето, кои ќе им кажат дека мора да се евакуираат, да заминат. Сето тоа создава еден психолошки ефект кај децата кои ќе го паметат цел живот. Тоа е впрочен целта на терористичките групи, да го наметнат тој страв, да се наметне таа паника, еден момент кој ќе се врежи во нив, и кога ќе се спомене тероризам ќе реагираат како да се спасат, да одрегираат во одреден ситуација. А го постигнаа и безбедносниот ефект“ – вели Злате Димовски – Универзитетски професор.

Дека решението можеби е во исклучување на имејл адресите на училиштата, професорот вели тоа е едно од многуте, но без гаранции дека нема да се испрати повторно.

  • Една од можностите е тоа. Но, што би било ако би било. Ги исклучуваат е-маил адресите, не стигнуваат кај нив, тогаш ќе стигнат во некоја евентуално новинска агенција или ќе бидат објавени на официјален веб-сајт во државата. Тие се решени да го направат тоа, и да го постигнат ефектот на страв и паника, и веќе го постигнаа“, вели Злате Димовски.

Организираните криминалните или терористички групи си го постигнуваат ефект на паника и страв со самата дојава и евакуацијата го нарушуваат целовкупниот систем во државата, коментира поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски. Тој им забележува на надлежните од министерството дека наместо на ИП-адресите и на дојавувачите и треба да се фокусираат на процедурите и безбедноста на училиштата и јавните институции.

  • Мислам дека тука се направи една безбедносна грешка, затоа што тоа е предмет на истрагата и тоа треба да го кажат истражните судии. Кој ИП сдреси, кој, од каде, што и како се јавува и.т.н., тоа се цели на истрагата. Ние во првичниот момент треба да зборува за процедурите по приемот на дојавата“ – коментира за Алфа, Љумомир Ѓурчевски – поранешен началник во МВР.

Претпоставките, велат познавачите, дека лажните дојави доаѓаат од ученици треба да се тргне настана, бидејќи јасно се гледа дека ова ќе има далекусежна последица и треба да се сфаќаат сериозно.

Викторија Миткова

Advertisements