Бебето напуштено од мајката, а оставено кај бабата во скопски Аеродром, заврши на Клиниката за детски болести

Мајка го напуштила своето бебе, откако го родила дома и го однела кај бабата. Мајката на родилката го пријавила случајот во полиција и веднаш го однела детето во болница. Од клиниката за детски болести за Алфа велат дека новороденчето е добра здравствена состојба и покрај тоа што мајката го донела на свет во домашни услови.

-По прегледот на бебето не се констатирани повреди. Новороденчето е во добра здравствена состојба, а во моментов се води грижа за него на одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести каде што се дијагностицираат, лекуваат и амбулантски се следат новородени и доенчиња до возраст од една година, велат од Клиниката за детски болести.

Во меѓувреме, ниту трага, ни глас од мајката на бебето. Полицијата се обидува да ја пронајде.

-Во СВР Скопје во 11.15 часот, женско лице пријавило дека на ул. „Методија Шаторов Шарло“ во скопски Аеродром во нејзиниот дом дошла ќерката со нејзиното новороденче, го оставила и го напуштила станот. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на мајката на детето, информираат од МВР.

Полицијата работи за целосно расчистување на настанот.

Сања Трајковска Ставров