Баџанакот на Талат Џафери стана заменик – претседател на Антикорупциска

Со томбола, по случаен избор, баџанакот на спикерот Талат Џафери, Нури Бајрами, седна на заменичкото место во Државната Комисија за спречување корупција.
Тој и неговите колеги на денешната прва седница заклучиле дека нема конфликт на интерес со неговиот избор.
Комисијата го разгледа ова прашање и во согласност со член 8 од Законот за спречување на корупцијата, каде што се наведува кои се роднини на блиско семејство и сватовство, а во согласност и со одлуката на Уставниот суд, со која се појаснети роднини по сватовство до втор степен, нема судир на интереси, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
На инсистирање на новинарите и самиот Бајрами се дообјасни, побара како што рече „да заврши шоуто и за да почнат со работа“. Вели немал што да крие, па дури и праша дали требал да крене рака и сам да пријави оти собранискиот спикер му е баџанак.
Тука имаме етика и морал и ние можеме да бидеме изземени при одлучувањето. Не сум по партиска линија овде, не сум ничиј линк, не сум тука да им служам на политичките партии. Жена ми работи во приватен сектор, а син ми е надвор од државата поради ова што се случува овде. Не само денес, туку и претходно, за мене нема блиски, не може никој да ми влијае, а ако се утврди така, тогаш ќе си дадам оставка – рече Бајрами.
Токму непотизмот односно роднинските вработувања во јавниот сектор ќе бидат меѓу првите задачи на новата Антикорупциска.
ТОНСКО ……
Македонија повеќе од една година беше без Антикорупциска, а новата вели дека ќе го надомести пропуштеното односно ќе ги разгледа и другите скандали како оној во Фондот за иновации каде меѓу другите грантови доби новоформирана фирма на снаата на премиерската советничка за култура, Цветанка Ласкова, но и компании во делумна сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев и на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец,
Ќе се чешлаат и последните субвенции во министерство за култура особено парите доделени на фирми креирани пред неколку месеци.
Според законот за употреба на јазиците, на првата седница беше обезбеден преведувач од албански на македонски, најавија дека соопштенијата ќе бидат и на двата јазика, но и дека заради примената на законот имаат потреба од дополнителни кадри и финансиски средства.