Бауш за Алфа: Предлог буџетот за 2023 во никој случај не може да се нарече развоен, зашто имаме големо задолжување

Предлог – буџетот кој Владата го презентираше, во никој случај не може да биде развоен, зашто државата нема план за надминување на кризата, и истиот покажува дека ќе не задолжуваат уште повеќе, анализираат универзитетски професори. Економистот Абил Бауш е разочарани од финансиските и економските политики кои ги води државата.

Предлог – буџетот од 5,3 милијарди евра во никој случај не може да биде развоен, зашто државата нема план за надминување на кризата, а вака скорениот буџет покажува дека ќе не задолжуваат до гуша. Ова за Алфа го изјави економистот Абил Бауш кој вели дека државата лошо менаџира со народните пари. Дефицитот, односно задолжувањето што го проектира Владата е 5% и истиот е скоро двојно поголем од растот, кој е проектиран на 2,9%, што во никој случај не е за поздравување, смета Бауш.

  • Предлог – буџетот од 5,3 милијарди евра во никој случај не може да биде развоен, зашто имаме само 3% раст. Тоа значи дека ние не ги управуваме добро парите од државата. Овој буџет сега е трошковен. Владата треба сериозно да почне да размислува како подобро да го крои Буџетот кој би овозможил фер третман кон сите граѓани на државата, кон стопанството и кој понатаму би имал сериозен влијание врз економскиот раст и развој на државата, вели за Алфа економистот Абил Бауш.

Владата за догодина предвидува 795 милиони евра за капитални инвестиции. Сепак, нивната реализација минативе години секогаш катастрофално потфрла и е многу помала од првично планирано.

  • Капитални инвестиции не се само патишта, тоа е инвестирање во човечкиот капитал, а тоа е скандалозно. Верувајте ми, од она што го знам според извештаите на реномираните институции, како што е Светска банка, лошо ни се пишува зашто сме неспособни дома да менаџираме. На дното сме во Европа според капитални инвестиции, тука не се само патишта, тука се и болниици, учичишта кои се на забот од времето, катастрофа сме како земја. Затоа ќе повторам: Ако не ивестираме во човечкиот капитал, ама сериозно – ќе не снема, додава Бауш.

За наредната година, државата треба да врати 800 милиони евра стари долгови, што значи дека ќе бидат потребни 1,5 милијарди евра, пари кои ќе се бараат со домашно и странско задолжување.

Инаку, Владата превидува и проекции за економски раст од 2,9% во 2023-та и дури 4,6% во следните години и сето ова во време кога Светската Банка предупредува дека земјава е на работ на рецесија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста