Барселона со неверојатна понуда за Кулибали: Дефанзивецот на Наполи ќе стане рекорден?

Италијанските медиуми објавија дека тимот на Барселона е подготвен да плати извонредни 120 милиони евра за да го привлече дефанзивецот на Наполи – Калиду Кулибали.

Сенегалскиот фудбалер се смета за еден од најсилните дефанзивци на светот, а минатото лето „небесно-сините“ одбија понуди од неколку англиски клубови.

„Ил Матино“ објави дека раководството на Барселона е подготвено да понуди 120 милиони евра на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Кулибали е главната фигура во одбраната Наполи уште од времето кога клубот го предводеше Рафаел Бенитез.

Доколку Барселона ја плати оваа сума за дефанзивецот на Наполи, тогаш тој би станал најскап играч од одбраната во историјата. Рекордот сега го држи Вирџил Ван Дајк, за кого Ливерпул на Саутемтон му плати 80 милиони евра пред една година.