Банално оправдување, Јорданов обвинува дека Владата намерно ја кочи општинската обврзница

Барат усогласување на матрејалот, ама не кажуваат детали, вели градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Ваквиот коментар следи откако и на последната седница на Влада точката за издавање на обврзницата за Штип, е отсранета од дневен ред. Во писменото известување само кратко се наведува дека е одложо разгледувањето на Информацијата  за задолжување , поради потребата предлагачот да го усогласи матрејалот со Општина Штип и Секретарјатот за законодавство..

  „Дописот не наведува што е тоа што треба да се усогласи. Од сите институции со кои искомунициравме и се надлежни за проследување на една ваква одлука , добивме повратен одговор дека се усогласени сите потребни документи и одлуки  и од Министерство за финансии но и од самиот Секретерјат за законодавство во Влада. Можете и нив да ги забрашате, затоа што и тие се поврзани со оваа одлука, бидејќи се е усогласено и сите потребни одлуки се донесени„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Според Јорданов, на овој начин Владата  само купува  време. Ако до крајот на декември не се донесе одлука за одобрување на обврзницата, тогаш наредната година со истата постапка мора да се почне одпочеток. Јорданов, уште еднаш повика на разум, посочувајќи дека со ова губи градот.

  „Час поскоро доколку се реализираат овие проекти ќе заштедиме и средства бидејќи живееме во инфлација. Проектот „Партизанска ако оваа година изнесува 2милиони евра, догодина ова време може да изнесува 3 милиони евра. Затоа велам дека се губат и средства, но и се ограничени можностите штипјани да добијат капитални проекти„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

 За Министрството за финансии да даде согласност, претходно Штип плати дел од заостанатиот долг. Со парите што градот ќе ги добие од обврзницата околу 4милиони евра, е предвидено да се изгради булевард кој ќе ги поврзува населбите Баби и 8ми Ноември, обиколница на потегот од населбите Железничка и Пребег кон Ново Село, проширување со конзули на две главни сообраќајници, а во ЈП„Исар„ се изгради фотоволтаична централа и мала хидроцентрала .

Александра Ристевска

Advertisements