Балетската претстава „Либертанго“ во Велес

На 12 февруари на големата сцена на Народниот театар во Велес ќе гостува балетот „Либертанго“ на Астор Пјацола, а во изведба на ансамблот на МОБ. Кореографијата е на Сабрина Боско од Италија, режисер е  Наташа Поплавска, а сценографијата и костимографијата  на Александар Ношпал.

Организатор е општина Велес во соработка со Македонската опера и балет и Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Ќе настапат 40 балетски уметници меѓу кои првенците на балетот:  Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили од Грузија, како и истакнатите солисти Мими Поп Алексова – Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Ендру Кук од Англија, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Марко Здравковски, Драган Кочоскии и целиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет.

– Поради ограничениот број на седишта би сакал да ги известам граѓаните дека места ќе има за 350 гледачи по принципот „прв дојден-прв услужен. Апелирам до сите заинтересирани граѓани да дојдат на време за да си обезбедат место, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.