});

Багерите повторно го копаат Водно-граѓани ги запреа

Граѓанските активисти за одбрана на Водно денеска повторно ги запреа багерите кои среде празник продолжија да ја копаат трасата за гасификацијата. Алармираат дека Водно продолжува да се силува, иако договорот бил дека копањето нема да продолжи додека траат преговорите и консултациите преку државните институции.

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ објави видео кое покажува дека градежната машинерија копа, институциите не го почитувале договореното.

Надлежните пак тврдат дека работите продолжиле бидејќи имало договор со граѓанските активисти. На Водно се работело веќе три дена.

МЕР АД Скопје ја информира јавноста дека по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 08.10.2018 година се почнати активностите за продолжување на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од км 25 до км 26 на потегот кон Шишево.

Ова не е прв пат граѓанските активисти да ги запрат багерите на Водно во ообид да ја заштитат шумата, нивните блокади го запреа процесот кој требаше да продолжи во институциите преку размена на мислење и стручна дебата.

Граѓанските организации бараа да се заштити Водно и да се обезбеди алтернативна траса, надлежните тврдат дека ова е најисплатлива траса и доколку се промени процесот ќе чини многу повеќе.