НАЈНОВИ ВЕСТИ

А1 Македонија слави четири години на македонскиот пазар  

Телекомуникацискиот оператор А1 Македонија одбележува четири години од влезот на македонскиот пазар. Од компанијата велат дека нивниот бренд се етаблирал како посакувана дестинација за сите корисници кои сакаат уште повеќе вредност, непречена комуникација и нови технологии. Четири годишнината А1 ја прославува со над еден милион корисници на услугите.

“Во текот на овие 4 години А1 брендот стана посакувана дестинација за сите корисници кои сакаат уште повеќе вредност, непречена комуникација и нови технологии. Иако се соочивме со предизвици од глобални размери кои имаа влијание и на корисниците и на нас како компанија, сепак ова беше време на големи успеси за А1 со целосна посветеност кон поттикнување на дигиталниот начин на живеење, модернизирање и усовршување на нашата мобилна и оптичка мрежа обезбедувајќи супериорно корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија и стабилен квалитет”, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија и нагласи:  „Се што направивме досега за корисниците и за пазарот е доволна гаранција дека А1 Македонија и понатаму ќе продолжи уште поинтензивно да им го овозможува на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите“, изјави Мирчев.