Ацески: Ниту еден градоначалник не се однесувал вака

Ниски напади и недоличен говор за покривање на сопствената неспособност. Вака дел од експертите го коментираат скандалозното па дури и недолично однесување на градоначланичката на Скопје на јавна сцена.

Никој досега не се однесувал вака на македонската политичка сцена, смета социологот Илија Ацески. Според него Скопје е во најлоша состојба досега а ниту еден градоначалник претходно не се однесувал вака.

„Тоа не води кон решавање на проблемите, туку на создавање на тензии меѓу главните играчи во градската политика. Скопје не ја поседува стручна интелектуална фела која ќе дава предлози за управување на градот“, вели Илија Ацески социолог. ИЛИЈА АЦЕСКИ, СОЦИОЛОГ

Откако градоначалниците на скопските општини сами се организираа да го исчистат градот Данела Арсовска нервозно ги нападна.

Коалицијата ВМРО СДСМ наместо да изиграваат инфлуенсери и да играат политички игри да се зафатат фимно лепо со работа, вели Данела Арсовска.

А синоќа употреби и зборови кои досега беа нечуено при јавни настапи на актуелни функционери.

Таквите политичари се најголемото ѓубре кој овој град ги видел, рече вчера Данела Арсовска градоначалничка на Град Скопје.

Ваквото однесување веќе станува вообичаено за онаа која треба да биде мајка на градот.

Каде е шпицниот градоначалник? Кај се крие Мицкоски рече 0Данела Арсовска на 20.09.2022.

Мајката на градот не само што не и е првпат да навредува, почна почесто да има испади и со други колеги и политичари.

Претходно, таа влезе и во вербална расправија со Асоцијацијата на архекти во врска со проектот за Универзална сала, а ја вербално нападна и министерката за култура.

Пред шест месеци Данела Арсовска влезе во отворена кавга и со претседателот на советот на Град Скопје Трајко Славески и го нарече Хитлер.

Седниците на советот во последните година и половина наликуваат на лошо реално шоу со кавги, довикување и надвикувања.

Паула Костадиноска

Advertisements