Ацески за Алфа: Образовниот систем потфрлил, младите не ги учиме доволно да ги почитуваат и сакаат симболите

Фрлањето на знамето иако е очигледно дека е ненамерно, е показател на неколку социјални состојби во македонското општество. Според експерти од областа, едната е дека очигледно менувањето на името на државата и откажувањето од идентитетот што политиката го направи последниве години се рефлектира врз младите, второ, образовниот систем потфрлил – па децата уште од најмала возраст не се учат да ги почитуваат симболите на државата и трето, но, не помалку важно дека како народ имаме потреба да истураме гнев но не таму каде што треба, па сега се истура врз евровизиската претставничка.

Гестот на фрлање на македонското знаме на македонската евровизиска претставничка во Торино, значи дека нашиот систем на усвојување на вредности е на многу ниско ниво, а тоа значи дека целиот образовен систем во Македонија сериозно потфрли односно младите не ги едуцираме доволно како да ги почитуваат симболите. Ова за Алфа ги изјави социологот Илија Ацевски кој алармира дека овој настан треба да ги замисли сите, и дека сериозно мора институциите да поработат на моралот на сите нас.

  • Мислам дека овој гест говори за тоа дека нашиот систем на демонстрација на усвојување на вредности, тука значи дека целиот образовен систем во Македонија сериозно потфрли, односно младите не ги едуцираме доволно како да ги почитуваат симболите. И тоа е овој гест, би рекол една симпатичност при фрлање на знаемето, искрено ме замисли како човек, затоа институциите да се замислат малку, вели за Алфа социологот Илија Ацески.

За разлика од други држави каде државните симболи се почитуваат, кај нас државата има посветено многу малку внимание на ова прашање, додава Ацевски. И токму затоа младината го има изгубено чувството за почит кон државноста.

  • Ние многу малку, на овие сфери како општествени науки посветувавме неко внимание на тоа. Дури ако погледме на тоа предмети се занимаваат со тоа кои можат да делуваат на подобрување не постојат. И заеднички предмет кој би значел синтеза обединувачка за универзитетот во овој поглед – не постои и тука не посветувавме внимание, додава за Алфа универзитетскиот професор, Ацески.

Експертите потсетуваат дека во согласност со членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, тие не смее намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се сквернават, да се изложуваат на презир или исмејување.

Реагираше и професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

  • Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето; Тоа е сувенир знаменце и не е баш знаме знаме и повеќето го фрлаат по настанот; Добра можност да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината; Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку многу на број, малку за бој“, напиша Гордан Калајџиев.

Инаку, евровизиската претставничка беше преплавена со лавина негативни и вулгарни критики, откако го фрли македонското знаме за време на фотосесијата во Торино. Дел од експертската јавност процени дека тоа е направено намерно, но сепак со чинот се понижи Македонија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста