Ахмети се отвори: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, јасно кажаа дека се против бугарски диктат, Мицкоски беше и против новиот Кривичен законик

Јасен е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, нема никаков договор за уставните измени, разликите се премногу големи, тие не прифаќаат бугарски диктат, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дополнувајќи и дека најголемата опозициска партија била против изгласување на измените во Кривичниот законик. На овој начин Ахмети ги демантираше тврдењата на дел од јавноста, која важи за блиска до власта, дека постоел договор и пазар меѓу СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за внесувањето на Бугарите во Уставот.

-Нема никаков договор со ВМРО за да се изгласаат уставните измени. ВМРО го искажа јавно својот став дека нема да ги изгласа уставните измени под бугарски диктат. Ние овде многу огромни разлики, ова е многу жешка тема тема која бара многу поконцентриран пристап. Ние овде многу се разликуваме со ВМРО, изјави Ахмети.

Ахмети објасни и како течеле преговорите за измените во Кривичниот законик. Се разговарало три години, за на крајот опозицијата да биде против промените кои предизвикаа бура реакции во јавноста.

Kога се договоривме со СДСМ, се повлече ВМРО, се повлече Христијан Мицкоски од измената на кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Имало десетици средби во Клубот на пратеници за измена на овој Законик и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никога Груевски и мене, изјави Ахмети.

Овие тврдења на Ахмети се сосем спротивни од оние на неговиот најблизок соработник и прв заменик на Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби. Тој тврдеше дека измените во Кривичниот законик биле барање на ВМРО-ДПМНЕ на секоја можна средба.

-Овие измени на Кривичниот законик освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање на господинот Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, на сите лидерски средби и на билатерални средби во однос на измените на Кривичниот законик, изјави Груби.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека ретко се согласува со зборовите на Ахмети, но во некои делови од она што го кажал во ова интервју морал да се согласи.

-Во самото интервју кажа дека договор со ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени нема, како и што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ уставни измени под бугарски диктат нема да гласа, така што тоа е потврда и на нашиот став, нашиот став останува непроменет, јасно е дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за изгласување на уставните измени, изјави Николоски.

Измените на Кривичниот законик беа денесени експресно со употреба на европското знаменце, За гласаше власта, а против само опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму тврдат дека истите се носат со цел власта предводена од СДСМ и ДУИ, да се спаси од криминалите сторени минативе седум години.
Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста