Ахмети на средба со министерот за транспорт од Косово, договараат патишта, каде е Бочварски?

Откако касами го прими Курти, денеска првиот човек на ДУИ се сретна со косовскиот министер за транспорт Либан Алиу. Тој дошол од земјaва според информациите од ДУИ, со Ахмети да раговара за реализација на проектот патно поврзување меѓу Призрен и Тетово. Министерот Алиу е дојден по барање на косовскиот премиер Курти, со најдобра цел за продолжување на комуникацијата и соработката како што впрочем било и во минатото, со интерес за двете наши земји, објаснува Ахмети. Клучното прашање е зошто воопшто Ахмети разговара со овој косовски министер, кога за ваквите прашања е надлежен министерот за транспорт Бочварски? Коментар од Бочварски до овој момент нема.