АХВ: Поради афлатоксин од пазарот повлечен и јогуртот „Баланс плус“

За неполн месец втор производ кој се повлекува од пазарот поради афлатоксин.  Јогуртот од еден килограм Баланс+  од производителот АД Имлек од има концентрација која не е дозволена со македонските прописи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.  Од таму наведуваат дека количините кои се повлекуваат не биле наменети за нашиот пазар.

Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, велат од АХВ.

Колкава количина на јогурт е повлечена и како завршиле овие количини во Македонија се уште нема информација од АХВ.

Пред само две недели ,  на 7 овој месец, беше повлечено трајното млеко Милкано 3,2 отсто  поради истата причина. Стануваше збор за 20 тони трајно млеко увезено од Босна и Херцеговина каде беше пронајдена недозволена количина на афлатоксин. Млекото беше повлечено од пазарот, а маркетот ја прекина соработката со компанијата.   Друг случај каде беше пронајден токсинот беше на 9-ти јуни оваа година во производот Суви смокви од натура, исто поради поголемо од максимално дозволеното количество на алфатоксин.

Инаку, на крајот на 2021 година, српските медиуми објавија дека од декември 2022 година, дозволеното ниво на афлатоксин во млекото, ќе биде намалено на 0,05

Нивото на дозволен алфатоксин во Србија на 0,25 беше зголемено во 2014 година заради поплавите  кои ја зафатија земјата, поради која српските земјоделци не можеа да ги исполнат европските критериуми. Земјата ја тресеше скандал во 2013 кога над 30 отсто од стоковите резерви со пченка имаа поголемо ниво од дозволеното.

Европската комисија оценувајќи ја безбедноста на храната во Србија, Црна Гора, Македонија и Турција во својот извештај, за Србија посочи дека земјата мора да внимава на афлатоксинот во млекото.

-Како што е забележано веќе неколку години, дозволеното ниво на афлатоксини во млекото останува пет пати повисоко од границата на ЕУ. Србија треба постојано да врши анализи пред пристигнување и пред поаѓање, вклучувајќи проверки за безбедност на храната, во согласност со правилата на ЕУ – стои во извештајот за безбедноста на храната кај нашиот северен сосед, пишува во извештајот на Европската комисија

Алфатоксинот настанува со развој на вид на мувла која се развива во регионите со влажна клима, ама како последица на суша, го има во млекото преку пченката со која се храни стоката.  Дозволената концентрација на афлатоксинот во млекото во Македонија и Србија е 0,05 микрограми на еден килограм, во ЕУ е о,025.

афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. по влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб и може да предизвика рак на црниот дроб.

Advertisements

Поврзани вести