Афера „Тајни имоти“ – Функционери на СДСМ и ДУИ кријат станови, куќи, викендички вредни над 30 милони евра

Функцинерите на СДСМ и ДУИ кријат Викендици, куќи и станови. Таен имот тежок 30 милони евра. – Велат од ВМРО-ДПМНЕ кои обелоденија нова афера за колацијата на власт. На од списокот од 123 владини функцинери имало претседатели на комисии, директори, како и раководни луѓе на институции, кои не го пријавиле својот имот во антикорупцисктаа комисија како што бара законот

– „На списокот кој го поседуваме има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста. На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции. 5 години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали. Новата афера Тајни имоти, е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија.“ – Изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија не веруваат дека станува збор за системски пропуст, туку за системско и намерно прикривање на имот, за кој постои сомнеж дерка е нелегално стекнат. Оттаму не ги открија имињата на функциниерите. Дадоа рок од 24 часа за институциите да се произнесат, по што ќе ги обелоденат сите информации.

– „Воедно институциите како комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, кои се формирани за спречување на ваквите дејанија, практично се соучесници во шемата која ја креира власта и се нивни заштитници.
Даваме рок од 24 часа институциите сами да ги објават овие имиња, во спротивно од утре ќе ги објавуваме поединечно заедно со имотот кој го кријат. Откако ќе ги објавиме ќе побараме и проверка на потеклото на имот, зошто тајниот имот е таен поради одредени причини, а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат.“ – Додаде Пертрушевски.

Инаку, според законите за спречување на корупција и судир на интереси, избрани и именуивани државни функценери имаат за должност во рок од 30 дена по назначувањето до комисијата за спречување корупција да поднесат анкетни листови во кои мора да го обелоденат имотот на свое име, како имотот во сопственост на најблиските роднини.

Никола Цветкоски

Advertisements