Аферата „Паразити“ метастазира во Телеком- Зоран Китанов, Садула Дураку и Шкодране Дардишта за еден маднат ќе си земат 430.00 евра

Вкупно 430.000 евра за еден мандат во Одборот на директори на Телеком, ќе легнат на сметките на Зоран Китанов, Шкодране Дардишта и Садула Дураку. Најмногу ќе се офајди Китанов, поранешниот директор на Државни патишта, човек кој важеше за еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Зоран Заев.

За четири години од позицијата претседател на Одборот на директори, Струмичанецот ќе инкасира 300.000 евра. 80 илјади од позицијата заменик претседател ќе добие Садула Дураку од ДУИ, а 50 илјади ќе добие и Шкодране Дардишта, која исто е дел од партијата на Ахмети. Ова се новите имиња кои опозицијата ги објавува во аферата „Паразити“, велејќи дека од позиција на членови на одбори заработуваат вистинско богатство.

-Китанов беше еден од најблиските соработници на Заев и Ковачевски, како директор на ЈП Државни патишта нема направено ниту еден проект, а јавноста ќе го памети само по чочекот во тунелот на автопатот Демир Капија – Смоквица кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека Китанов само го изигра првиот чочек. Исто како во Државни патишта, така и во Телеком, Китанов нема никаков придонес, изјави Ивица Томовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во аферата „Паразити“ на ВМРО-ДПМНЕ влегоа и директорите на ЕЛЕМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани, кои за еден мандат на својата сметка ќе добија 80.000 евра.

-Ова се функционери, од кои јавноста не видела никаков бенефит. Тие се паразитите во ова општество. Во најтешка економска криза земаат илјадници евра плата, а нивниот придонес за државата е нула, изјави Томовски.

Со информации стари седум години, денеска афера за финансиите заработени од функционери на опозицијата излезе и владејачката мнозинство. Ја објавија платата која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја заработувал како директор на ЕЛЕМ и советник во Владата. Од таму велат дека Мицкоски за своите услуги за повеќе години заработил вкупно 93 илјади евра.

-Како директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Неговата месечна нето плата во ЕЛЕМ изнесувала 98.000 денари нето, изјави Каевски.

Од опозицијата потсетуваат и дека Дардишта е политичар од ДУИ која се закануваше со војна, и ги подгреваше тензиите во општеството пред нецела година, кога алудирајќи на 2001-ва година, на Фејсбук напиша дека се уште ги чувале чизмите на таван.

Матеја Петровски

Advertisements