Аферата „научни звања“ на ДУТ добива нови димензии

Антикорупциска ги чешла документите на државниот тетовски универзитет за уште двајца функционери во Владата дали незаконски станале вонредни професори. Станува збор заменик-министерот за внатрешни Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.

Во претставката доставена до Антикорупциска пишува:

„Постапката за избор на д-р Агим Нухиу во наставно-научно звање вонреден професор е незаконита, од причина што неговиот работен однос е во мирување како заменик-министер во Министерството за внатрешни работи во Владата на Република Македонија“.

Според претставките исти се причините за незаконитото напредување и на директорот на Државниот завод за индустриска сопственост.

Антикорупциска веќе со истражува како министерот за образование Арбер Адеми станал доцент на Тетовски во 2017, додека сѐ уште бил министер во Владата. Тој, пак, вели дека не бил контактиран од ниту една институција и дека не знае дали за него има отворено некаков предмет.

Од тетовскиот универзитет велат дека не добиле никакви решенија, односно записниците од Државниот просветен инспекторат во кои се констатирани недоследностите.

Борис Грујоски