Атанасов: Македонија е без лидер и ништо не функционира во државата

Во денешното гостување во „За или против“ на Алфа ТВ, поранешниот пратеник на СДСМ, Петар Атанасов, вели дека Владата и СДСМ се обидуваат да го променат Уставот, додека се наоѓаат во ситуација каде што ништо не им поаѓа од рака.
- „Многу е тешко да убедите некого дека вакво крупно прашање треба да го направите, затоа што вие сакате да го направите“ – Вели Атанасов.
Смета дека на власта тешко и мачно им оди со уставните измени, затоа што за тоа е потребно лидерство, а владеачката коалиција го нема тоа.
- „Ништо не функционира во државата. Разговараме за уставни измени дека ќе ни донесат светла иднина, а станавме непријатно место за живеење. Тоа е така поради лоши кардовски решенија“ – Смета Атанасов.
Тој додава дека сите се свесни оти Македонија е уценета и Софија претера. Смета дека не може да знаеме што ќе се случува во интегративниот процес и уште колку пати може повторно да не блокираат.