Асани конечно во судница, не се чуствува виновен што на родилката Веапоска и извади матка, јајник и бубрег 

Иако обвинителството ги гони за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето,тројцата доктори од Струга Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска,по 7 месечно одложување,се појавија во судница и изјавија дека не чувствуваат апсолутно никаква вина за случајот со родилката од Дебар, Јулдз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник. Видно вознемирена Веапоска раскажа што се случувало на 27 август 2020-та година кога со царски рез на свет донесе женско дете.Во болницата во Струга останав 5 дена со страшни болки во пределот на стомакот. Јас не знам кој го изведуваше зафатот, нити што се случувало во операциона сала, само знам дека не бев во добра состојба иако доктор Мухамед Асани не само што ме уверуваше дека се’ e  во ред,туку сакаше да ме пушти дома,сведочеше таа. Последниот ден кога состојбата драстично ми се влоши,последно што паметам вели е дека му се јавив на мојот сопруг.

  • Да дојдеш да ме земеш да ме однесеш во друга болница дека јас умирам и дека моите 2 деца ќе останам без мајка, тоа беше се’ што се сеќавам.Во тој момент ми падна телефонот, дојдоа докторите, се собраа одлучија да ме стават во операциона сала.Никогаш нема да го заборавам доктор Асани како ми се обрати со прст и кажа: оваа да ја спремете за во сала. Да бев некое животно и со нив треба добро да се однесуваш, а не со човек“ вели Јилдз Веапоска.

Од опеарционата сала во Струга каде и ги извадиле трите органи, Веапоска се разбудила после 14 дена на КАРИЛ во Скопје. 31 годишната родилка кажа дека бременоста и ја водел доктор Мухамед Асани кој контролите ги вршел наместо во болницата, во неговата нелегална гинеколошка ординација. По денешниот претрес се обидовме да добиеме изјава и од доктор Мухамед Асани кој ни се обрати со зборовите: нема да дадам изјава затоа што не сте коректни.Го прашавме кога не сме биле коректни,бидејќи по избивањето на скандалот секогаш го контактиравме-ќе видите на крај рече и замина.Не сакаа да зборуваат нити адвокатите на тројцата обвинети кои до судот поснесоа листа на докази. Судењето за скандалот кој се случи на 31 август 2020-та продолжува на 10 март.

Инаку,Основното јавно обвинителство цени дека при укажувањето лекарска помош, лекарите примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

Росица Голабоска 

Advertisements