Архимандрит Нектариј: Македонија без Св.Климент и без Св. Наум би била духовна пустина

Што би бил Охрид и Македонија без Св.Климент и без Св. Наум? Духовна пустина од неуки личности. Што би бил Охрид без езерото и Галичица? Тумба насадена со бадеми и борова шума. Должни сме да го чуваме Охрид и неговите светилишта-рече игуменот на манастирот Свети Наум,арихимандритот Нектариј, кој годинава ја понесе највисоката општинска награда “Свети Климент Охридски” кој 3 децении го одржува манастирискиот компекс.  Наградата вели за мене е само круна на признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква.

  • Ние сме сега свои на своето, она што не бевме не само години и децении, туку столетија наназад. Поминаа многумина императори и администратори, пастири и душегрижници кои малку донесоа, а многу однесоа и си заминаа оставајќи го стадото од устата на волкот во устата на лавот. Ние останавме, бидејќи ова е наше и после секое нивно бегање, моравме да го чистиме и уредуваме растуреното и пустошот рече Архимандрит Нектариј-добитник на Св.Климентовара награда.

Наградите нека бидат само мотив за луѓето да погледат околу себе и да  подадат рака на оној што молежливо ја чека-порачаа хуманитарни личности кои добија повелби.

  • Се трудев да им помогнам, да им го подобрам животот,да им го подобрам животниот стандард затоа што сите тие се една посебна прикаска и секој со својата прикаска мене ме направи подобар вели Димче Каневче-добитник на повелба.
  • И сакам да изразам една огромна благодарност посебно до многудетните семејства ,деца без родители болни и стари лица кои што ми ја отворија ширу вратата,ми укажаа доверба за да можам д аим помогнам без да ги објавивам по социјалните мрежи рече Летка Филипова-добитник на повелба.

Градончалникот Пецаков порача дека  Македонија и македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов. Ретко кој народ, како македонскиот, може да каже дека има таква нераскинлива историска и духовна поврзаност во своето  битисување. Тоа е затоа што дејниоста на Свети Климент Охридски е е длабоко во темелите на нашето постоење.

Росица Голабоска 

Advertisements