Археолошките истражувања кај Мантово открија населба и воена тврдина од доцноантичкиот период

Интензивно се работи на археолошкиот локалитет „Трескавичка Чука„ во близина на езерото „Мантово„. Станува збор за локалитет од доцна антика и рановизантискиот период. Остатоците од трдината кои ги пронајдоа штипските археолози посочуваат дека на овоа место имало воено утврдување во функција на одбрана на патната мрежа , која ги поврзувала струмичкиот и овчеполскиот  регион и била дел од Виа Игнација.

  „Сите историски настани и дејствија што се одвивале низ историјата оваа тврдина им била во функција. Од овде поминувале и Самуиловите војници. Суштината на овој локалитет е токму во обезбедуање на патната мрежа, односно на сето она движење се одвивало во подножјето„ изјави Мите Штерјов, директор на Музеј на град Штип.

  Откриените  монети, гробници и  остатоци од куќи укажуваат дека на оваа локација имало живот и во античкиот период, поиочуваат од штипскиот Музеј.

На оваа локација не се живееле само на врвот на акрополот. Околу тврдината од поранешните истражувања е забележано дека има голем број на гробови кои датираат од раната антика. Потоа има и една црква која со правењето на вештачкото езеро Мантово е поплавена„изјави Мите Штерјов, дир. на Музеј на град Штип.

Истражувањата продолжуваат и понатаму, а археолозите се надеваат дека ќе откријат клучни експонати со кои само ќе се доутврди дека на оваа локација имало организирано живеење уште во античкиот период

Александра Ристевска

Advertisements