Арсовка утре ќе ги прими на средба приватните превозници, кои со душа чекаат позитивен епилог

Расте револтот на граѓаните кои секој ден чекаат автобус и до еден час и постојано доцнат на работа, или во училиште, зашто Градот и натаму нема слух за приватните превозници. Тие во знак револт уште еднаш излегоа на улица за да се чуе нивниот глас. Велат дека утре ќе седнат на иста маса со градоначалничката на Скопје, и со душа чекаат позитивен епилог, зашто како велат, вака повеќе не можат да издржат.

- Ние, како ново координативно тело на приватните превозници договоривме средба со градоначалничката Данела Арсовка за решавање на проблемите во градскиот превоз во Скопје. Се надеваме дека ќе биде се како што треба и конечно ќе се најде решение на овој наш проблем кој не мачи нас, но и граѓаните на Скопје, кои секојдневно трпат штети со доцнењето на автобусите, кои ги има се помалку, велат превозниците кои излгоа на мирен собир на послена 45-ка и 23-ка.
Срамота е ова што му се случува на Скопје. Да чекаме саат време и пак да не дојде автобус е фијаско за еден главен град, регираат граѓаните кои постојано кинат нерви за доцнењето на автобусите.

- Доцниме ние за на работа, доцнат нашите деца за во училиште, доцнат сите, зошто? Зашто некој си игра мајтап со нас. Тоа е срамота ова да ни се прави, ова е главен град. Никогаш не се десило ова, али за се има прв пат, но алармираме веднаш да се надмине проблемот, зашто ова веќе не може вака да оди до недоглед, алармираат граѓаните кои се жалат дека превозот им доцни и до еден час.
Во врска со одлуката на градскиот Совет да не го поддржи предлогот за задолжување на Градот Скопје за набавка на нови еколошки автобуси, Арсовска смета дека во овој случај одговорноста паѓа на советниците, кои ги прават тие „кочници“ од политичка природа.

- Во овој момент Градот Скопје е фокусиран да најде квалитетно системско решение и да изготви реформа во јавниот превоз, којашто, мора да биде нешто што ќе го опфати целиот град и сите места каде што сега или ретко или пак воопшто не сообраќаат автобуси. На скопјани треба да им се понуди еден концепт со којшто трајно ќе биде решено сето она што го имале како проблем или како предизвик, вели Арсовска.
Од Влада, пак, тврдат дека и натаму поддржуваат решение на проблемот со приватните превозници во Скопје, но за жал решение нема.

Инаку, до сега Град Скопје неколку пати распиша оглас за линиите 9,11,12, 20 и 22, но до сега не се пријави ниту еден од приватните превозници. Тие пред два месеци престанаа да возат, зашто, Градот, односно ЈСП им должи над милион евра.
Борис Грујоски