Армијата во Габон ја презеде власта веднаш по изборите

Армијата на Габон изврши воен удар во земјата, кратко по објавувањето на резултатите од претседателските избори, кои покажаа дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат. 12 офицери, само еден час по објавувањето на резултатите се појавија на телевизија и соопштија дека ги поништуваат изборите и ги распуштаат сите институции во државата.Воениот удар во Габон е продолжување на трендот кој изминативе три години го зафати континетот. Земјата стана осмата африканска држава каде што армијата ја презема власта, а интересно е што сите овие земји се поранешни француски колонии, но за разлика од Нигер, каде што армијата ја презеде власта пред еден месец, и останатите западноафрикански држави, Габон досега се сметаше за стабилна држава. Габон е една од најголемите извознички на нафта во Африка, и во исто време речиси 90 проценти од земјата е покриена со шуми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста