Аргировски: Потребна е нивелација на пензиите за сите пензионери

Над 200.000 пензионери во државава се во загрижувачка положба . Новата методологија која власта ја најавуваше како мерка која ќе овозможи достоинствен живот на пензионерите, на крај резултираше само како популистичка, со 6.8 остсо зголемување на пензиите. Но проблемот е што со ваквиот начин на пресметка оние со најмали пензии земаат повторно најмалку, за сметка на обние со високи пензии. Конкретно, они кои земаат најниска пензија добија едвај по 700 денари покачување, а оние со над 60.000 денари, колку што се највисоките пензии,  добија и до 6 пати повеќе. Пензионерите реагираат за огромниот јаз и бараат покачувањето да биде на износ, а не на процент.
Потребна е нивелација односно тоа некакво доближување до повисоките пензии. Да не се намалуваат пензиите туку помалите да се зголемуваат и да се направи правилна распределба од пензискиот фонд. Тоа се народни пари,  државата може да ги распредели.
Тие со највисоки имаат 64000 денари , а малите останаа со 12.300 – таа разлика е многу голема, затоа е потребна нивелација, да не се дозволи тој распон да биде толкав, вели Драги Аргировски поранешен претседател на сојуз на пензионери.

Според августовските податоци на Фондот на ПИОМ, износ до 11.500 денари зеле 92.300 пензионери, а од 11.501 до 18.000 денари примиле 135.860 корисници на пензија. Бројките покажуваат дека од вкупно 330.000 пензионери во нашата земја, 69 отсто, имаат пензија до 18.000 денари

Не важи веќе ни онаа антикризна мерка за исплата на 1000 денари за пензионерите.  Аргировски реагира дека во време на ваква инфлација и социјална криза  треба да има насочено мерки со кои ќе им се помогне да ја преживеат зимата за пензионерите со пониски примања и да се работи на поефтинување на лековите. 

Треба да се помогнат пензионерите да не плаќаат толку скапи лекови . Тие лекови што се на приватно се многу скапи, а сите пензиноери имаат многу голема потреба од лекови и треба тука да се помага. За струја , за парно да се помагаат тие со пониски пензиии, вели Аргировски.

Новата методологија за зголемување на пензиите според процентот на зголемување на платите во висина од 50 отсто од зголемување на животните трошоци започна во февруари. Но предизвика бурни реакции, оти дотогаш важеше методологија со чија примена пензионерите земаа повеќе. Со Законот кој важеше од 2012-2018 ггодина пензиите се зголемуваа согласно движењето на трошоците за живот во висина од 50 отсто и според просечно исплатената плата на сите вработени во државата во висина од 50 отсто.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста