Арбр Адеми си го има професорот Талат Џафери: ДУИ го претвори Собранието во „друмска кафена“

Арбр Адеми има од кого да учи. По се изгледа вистински професор му е неговиот постар партиски колега Талат Џафери. Собранискиот спикер е токму оној кој е познат по скандалите, а последниот пред околу еден месец, кога со пцости ги почести обичните собраниски службеници.

-Сите од служба, конкретно седници, веднаш кај мене. Покрај седници, сите позади што седат, сите до еден. Вие што сте на плата и уште си е*авате мајката овде. Ајде бегај, бегај таму, бегај! Сус бре, да ти е*ам! Што бараш ти овде? Бегај таму излези, порачува Џафери.

Ова е само еден од многуте слични потези на собранискиот спикер. Блокадата на Собранието од опозицијата, го предизвика редовно да влегува во конфликт со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото однесување на сопартиецот на Адеми не е никаква новина. На стартот на својот прв мандат со обезбедување бркаше пратеници од говорница.

Од позиција на собраниски спикер, Џафери го прекрши и уставот на Македонија, говорејќи на албански во Европскиот Парламент, иако во членот седум од македонскиот устав јасно е запишано дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се службени за меѓународна употреба.

Па запрашан зошто го прекршил Уставот, реши да се турка со новинари.

Шефувањето на Џафери во македонското Собрание, минува со низа скандали, а таков беше и начинот на кој што беше избран за претседател.

Скандалозното однесување беше својствено за Џафери и во времето кога беше само пратеник и се степа со својот колега Орхан Ибрахими.

За своето скандалозно однесување одговорност се уште нема до Талат Џафери, а тешко е да се очекува дека ќе има и од Арбр Адеми. Тој барем се извини за својот потег, но вели Антонио Милошоски го испровоцира, дополнувајќи дека бил под влијание на странски служби.

Матеја Петровски

Поврзани вести