Арапската лига со осуда за австралиското „пристрасно“ принавање на Западен Ерусалим

Австралиското признавање на Западен Ерусалим за изразелски главен град „предизвикува страв“ и „е пристрасно“, изјави денеска шефот на Арапската лига.

– Признавањето на Западен Ерусалим за изрелски главен град додека се игнорира признавањето на Источен Ерусалим како главен град на палестинската држава, покажува пристрасност кон Израел, изјави Ахмед Абул Геит, шеф на Арапската лига.

– Австралискиот став не е целосен. И затоа предизвикува страв во нас, додаде тој во ОАЕ каде присуствуваше на форум.

геитј ја повика владата во Австралија да го промени својот став и да ја признае палестинската држава и нејзиниот главен град Ерусалим.

Австралија вчера го призна Западен Ерусалим за главен град на Израел, но најавија дека нема веднаш да ја префрлат амбасадата од Тел Авив.