Апелација ги потврди очекувањата на Груевски

Апелациониот суд ги потврди предупредувањата на поранешниот претседател на владата и ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, дека второстепениот суд ќе ја потврди двегодишната затворска казна за случајот Тенк. Судијата Сафет Кадри од апелација за Алфа потврди дека утрово судот ја потврдил казната која на Груевски му ја изрече судијката Добрила Кацарска, односно 2 години казна затвор за дело кое има апсолутна и релативна застареност според тврдењата на адвокатите на Груевски. За поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски затворската казна му е намалена за 2 години.