Апелациониот суд ја укина првостепената пресудата за „Трезор“

Скопска апелација ја укина првостепената пресуда за случајот Трезор и му го врати предметот на Кривичниот суд за повторно одлучување. Првообвинет беше екс директорот на УБК Сашо Мијалков кој лани беше осуден на осум години затвор. На затворски казни беа осудени и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешениот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски на кого му се судеше во отсуство, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Апелација констатирал суштествени повреди на одредбите од законот за кривичната постапка сторени од страна на Кривичен при постапувањето по овој предмет, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на кривичниот законик. Сите жалби кои ги поднела одбраната  Апелациониот суд ги уважил.

  • Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд.

Инаку случајот Трезор се однесува на злоупотреба на средства од буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста