Анѓушев: 2019-та ќе биде добра година за економијата, ќе растат индустријата, земјоделството, трговијата, градежништвото

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува наредната година да биде добра за економијата и да се остварат проектираните стапки на раст. Во емисијата „Отворено на Алфа“ тој рече дека главните генератори на растот ќе ги исполнат очекувањата.

„Надеж за тоа ми дава градбата на новите фабрики, зголемувањето на физичкото производство, на цела македонска индустрија. Втората гранка е земјоделството. Таа и оваа година забележа раст. Очекуваме и догодина да расте со оглед на тоа што и мерките за финансиска поддршка ќе бидат малку насочени кон развој, кон преработувачки комплекси итн. Во делот на трговијата очекувам и натаму да се задржи позитивниот тренд на нето ефектот од увоз-извоз и внатрешната домашна трговија. Последниот сегмент кој беше рак рана оваа година, градежништвото, не само што ќе го достигне нивото од 2017-та, туку тоа ниво и да го надмине. Тука исто така има позитивни проценти во растот. Кога сето ова ќе го соберете заедно, мене, аргументирано, со математички модел, ми кажува дека 2019-та година треба да биде добра во реализацијата на економијата во Р.М. како резултат на овие политики“ – рече Анѓушев.