Антон и Силвана Митреви на мотор низ светот делат прегратки и ја претставуваат Македонија

На мотор низ повеќе од 40 држави на сите континенти ја шират македонската култура и најдоброто од Македонија. Антон и Силвана Митреви се во мисија да го обиколат светот за една година. Нивната мисија, вели Антон, ја започнале на 20 јуни, а моментално се наоѓаат во Мелбурн, Австралија. Од таму ја поздравија македонската публика.

  • Поздрав до гледачите на Алфа TВ од нас од Мелбурн, Австралија, вели Силвана, која ни ја пренесува атмосферата од таму.

Брачниот пар пред половина година од Македонија ја започнаа својата мотоциклистичка мисија наречена „Гушни го светот“. Досега со својот мотор поминале низ многу држави. До сега, велат, имаат поминато над 40.000 километри.

За идејата потребна е голема лубов, вели Митрева, а најдобар симбол за тоа е прегратката. Нејзиниот сопруг, кој инаку е долгогодишен љубител на мотори, ја пренел својата пасија на Силвана, за сега тие да се обидат да бидат првиот македонски пар што направил ваков подвиг.

  • Македонија, нашата култура и традиција, како и македонското знаме ќе им останат во сеќавање на илјадници граѓани, кои изминативе месеци имавме можност да ги запознаеме, вела авантуристите кои се во обиколка низ светот.

За време на нивната авантура, Силвана и Тони се запознале со еден куп различни луѓе, но фокусот е ширење на македонската култура.

За да се успее во совладување на толку големи далечини треба да се биде присебен и фокусиран, вели брачниот пар за Алфа. Токму затоа нивната порака до сите моторциклисти е да не консумира алкохол додека се вози.

Желбата на двајцата македонски ентузијасти, кои лани тргнаа на пат да го обиколат светот со мотор, е патувањето да го завршат за една година, односно кон средината на 2019.

Борис Грујоски