Анти-корупциска со полни раце работа: Корупциски скандали избиваат од ден за ден

Антикорупциската комисија со полни раце работа. Корупциски скандали ја тресат Македонија од ден за ден. Лица на непостоечки работни позиции и даватели на стручно мислење добивале илјадници евра од државни институции и општини. Покрај имињата на двајцата поранешни секретари на Владта, Драги Рашковски и Мухамед Зекири, во корупциски скандали се сплеткаа и ТВ презентерката Бесмира Ејупи, како и професорот Темелко Ристевски.

ПР Експертот и бизнис консултнт, Синиша Пекевски, вели дека ова само покажува оти институциите и правото не функционираат.

„Вработуваат луѓе кои работат за партијата, на штета на граѓаните. Сеуште не ми е јасно како е можно при администрација од 144 илјади вработени и 1300 институции, сеуште да користиме луѓе кои хонорарно ќе одрабоуваат голем борј на задачи и сето тоа платено од парите на граѓаните.“ – Изјави Пекевски.

Несудената конзулка во Њујорк добивала пари од општини и Државното правобранителство за непостоечки работни позиции, а професорот од Министерството за одбрана добил над 9 илјади евра за давање стручно мислење преку колумни, статуси на Фејсбук и агитација.
Пекевски за ова верува дека само бил изнајден начин народни пари да се платат партиско-плитички ангажмани

„Најдена е некаква форма како нив да им се плати, за одредени хонорари а нивната фукнциија и задачи верувам биле други, претпоставувам дека биле партиски задачи, се појавувале на митинзи, одработувале, агитирале, иделе на терен.“ – Додаде Пекевски.

Според Антикорупциската комисија, само во последните 3 и пол години биле исплатени околу 5 милиони евра за авторски договори за работни обврски за кои во институциите има веќе вработено други административци. На тој начин се заобиколува и законот за работни односи. Во периодот од 2018 до 2022 година, државни институции и јавни претпријатија исплатиле над 300 милиони денари само преку една Агенција за интелектуална сопственост.

Никола Цветкоски