Антикорупциска со иницијатива за кривични постапки за Рашковски и Зекири

Антикорупциска ќе поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење против поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири. Комисијата се сомнева дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување, преку склучување авторски договори од страна на Генералниот секретаријат со надворешни соработници.

Според Антикорупциска само во последните 3 и пол години биле исплатени околу 5 милиони евра за авторски договори за работни обврски за кои во институциите има веќе вработено други административци. На тој начин се заобиколува и законот за работни односи.

– „Според државната комисија, претставува основа за сомневање дека одговорните лица на генералниот секретаријат на владата, генералните секретари Драги Рашковски и Мухамед Зекири, за време на извршување на службената должност, сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, согласно членот 351, став 1 од кривичниот законик“ – Изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

Претседателката на Антикорупциска како пример посочи дека најголем дел од ангажманите најчесто не претставувале креирање на интелектуален труд и објасни дека кривично дело е ако се склучи договор за авторско дело, а не станува збор за тоа.

„Одлуката за да се оди со иницијативи е заради тоа што имаме значително оштетување на буџетоти, од друга старана не може да се потврди од извештаите и од она што го сработиле луѓето, под наводници, дека станува збор за авторско дело.“ – Истакна Ивановска и додаде дека – „Работа што не соодвествува на авторско дело, тоа само по себе е кривично дело. Значи склучуваш договор за авторско дело, а не е авторско дело. Тоа е класична злоупотреба.“

Антикорупциска предлага кривчно гонење на поранешните градоначалници на Чаир, Сарај, Петровец и Брвеница и Државниот правобранител за ангажирање со договри на дело на ноивнарката Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорк.

Од 2018 до 2022 година државни институции, органи на државна управа и единици на локалната самоуправа, како и јавни претпријатија, склучиле договори во вкупна вредност од над 300 милиони денари само со една Агенција за интелектуална сопственост.

Никола Цветкоски

Поврзани вести