Антикорупциска: „Семејното стебло“ со судии и јавни обвинители е завршена работа, да се зголеми надзорот во иднина 

Македонија наместо да спречи, ќе треба да лечи. Новите кандидати за судии и јавни обвинители нема да минуваат низ филтерот на Антикорупциската комисија бидејќи тие немале надлежност за тоа. Првата антикорупционерка вели сега преостанува само Судскиот и Советот на јавни обвинители да врши силна контрола врз распоредувањето и ревизијата на нивната работа за да се намали влијанието што би било многу тешко.
- „Тоа е затворен систем, тие полагале тестови, преку комјутер, и тоа е завршено, ништо не можеме ние тука да постапуваме. Прашањето е што се случило тогаш, како го поминале тестот, бидејќи слушнавме такви гласини кои што не беа демантирани потоа, и остава простор да веруваме. И конечно секогаш апелирам политиката да си ги тргне рацете од професионалноста бидејќи тоа е единствениот излез за оваа држава“.
Дека институциите работат само под притисок од медиумите и осуда од граѓаните потврдуваат и од Институтот за демократија. За нормално функционирање велат треба да се создаде внатрешен отпор од политичко влијание што реално е тешко за спроведување.
- „Под одреден притисок и одредена внатрешна контрола можат да се развијат механизми кој што ќе спречат судир на интерес и отстранување на блиски лица во истраги за политичарите“ вели Поповиќ – Институт за демократија.
И стручната јавност, е загрижена бидејќи ова не е прва епизода од серијата во која на високи функции или раководни позиции да се поставуваат луѓе кои се роднини или пак блиски до политичарите. Уште поголем проблем е тоа што никој од властите не се оградува од селективноста, а уште помалку размислува за својот интегритет.
Од последната листа на положените кандидати на академијата за судии и јавни обвинители 18 проценти се синови, ќерки, снаи, сопруги на актуелни функционери. Пред речиси три години исто така имаше наплив на роднински кадри во државните институции, тогаш за 18-на Антокорпуциска отвори истрага меѓи кои беа сестрата на Бектеши, ќерката на Џафери, синот на Фрчковски, мајката на Костадинов, синот на Мисовски.
Викторија Миткова