НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матичните книги пробиени – трговија со личните податоци на граѓани

Државната комисија за спречување на корупција  на денешната седница отвори сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани. случајот се однесува на дигитализацијата на матичните книги, со податоци за починати, родени и венчани, спроведуван преку управата за водење на матичните книги, на распишан тендер кој го добила фирмата новатек инв дооел.антикорупциската комисија најави кривични пријави против двајцата поранешни директори на управата.според антикорупционерите, во двете тендерски постапки не биле предвидени соодветни заштитни мерки со цел да се зачува приватноста односно личните податоци на граѓаните на Македонија при скенирањето, контролата, управувањето, преносот и обработката на личните податоци од страна на ангажираните економски оператори врз основа на договорите склучени со управата за водење на матични книги.