Антикорупциска наскоро ќе излезе со детали за работењето на Пуцко Петрол

Антикорупциска комисија привршува со испитувањето на семејно – бизнис – политчките врски на „Пуцко петрол“. Оттаму велат дека наскоро ќе излзезат со детали за можен судир на интереси и тргување со влијание.

„Конкретно се што се однесува во премдетот ќе биде соопштено, кај нас, ошто во Македонија, имаме повеќе проблем со влијание отколку судир на интереси. Значи, влијание може да има и каде што нема судир на интереси, а влијание постои. Тоа е факт.“ – Истакна Билјана Ивановска, Претседателка на антикорупциската комисија.

Во меѓувреме „Пуцко петрол“ продолжува речиси секој ден да добива нови тендери од државните институции и јавните претпријатија. Само во последните 10 дена биле склучени 13 договри во вкупна вредност од над 250 илјади евра.
Сепак, оваа сума е мала во споредба со договорите што вообичаено ги случува компанијата. Само во последните три месеци „Пуцко петрол“ добил државни тендери тешки речиси 7.7 милиони евра, а од почетокот на годинава државата му платила над 800 фактури.

Со „Пуцко петрол“ раководи Асмир Јахоски. Неговиот татко, Исмаил Јахоски, е пратеник од редовите на ДУИ а претходно во пет мандати беше градоначланик на Пласница. На таа позиција сега е неговиот брат Алија Јахоски.

Компанијата постои од 1992-та, но семејството Јахоски стана главен дистрибутер на нафта во Македонија со доаѓањето на СДСМ со ДУИ на власт. Оттогаш значително е зголемена соработката со државните институции и јавните претптијатија, а компанијата станува главен добавувач на нафта и се најде на 67 место помеѓу 100-те најголеми комапнии во Македонија.

Никола Цветкоски

Advertisements