Антикорупциска: Владата да бара одговорност од Спасовски во врска со трагедијата со „Беса Транс“

Антикорупциска бара одговорност од министерот Оливер Спасовски. Тие сметаат дека тој треба да одговара за тоа што цели три месеци не го поптишувал клучниот документ поврзан со автобуската несреќа на „Беса Транс“ во Бугарија, во која загинаа 45 патници. Не можат да утврдат дали документот го криел намерно или од немарност. Бараат и Владата да мреземе мерки против својот министер. Сите дополнителни докази кои ги поседува Комисијата ќе бидат доставени и до обвинителството, кое веќе има оформено предмет за трагичната несреќа.

Антикорупциската комисија најде вина кај министерот за внатрешни Оливер Спасовски за автобуската несреќа на „Беса Транс“ во која загинаа 45 луѓе. Антикорупционерите потврдија дека цели три месеци пред несреќата министерот во фиока го криел клучниот документ со кој требало да се стави клуч на врата на фирмата „Виа Комерц“, која вршела технички преглед на автобусот. Тоа што не можеле да утврдат мотивот, односно дали намерно го криел или од немарност. Бараат владата да утврди одговорност за министерот, а дополнителните докази ќе ги достават до обвинителството кое веќе има отворено предметот за трагичната несреќа.

ДКСК одлучи дека поради фактот што Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, сите докази кои ги имаат ќе ги достават како дополнување на докази во обвинителството, а до Владата да достават иницијатива за утврдување на одговорност на министерот Оливер Спасовски.

Инспектори на МВР во август 2021 констатирале низа недостатоци при инспекција кај фирмата за технички преглед „Виа комерц“, која вршела контрола врз автобусите на „Беса Транс“. Антикорупциска утврди дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот, тој не издал наредба во предвидениот рок станицата да ги отстрани неправилностите или да ја затвори, туку истата ја издал дури по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

Спасовски до сега не одговори зошто чекал толку време и не кажа и дали чувствува одговорност за несреќата.

Инаку, за несреќата на „Беса Транс“ и техничкиот преглед на автобусот има отворено и истрага во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која треба да утврди и кривична одговорност за несреќата. Алфа објави дека како дел од истрагата може да се најде и Руфат Хусеини, директорот на Државниот инспекторат за транспорт кој е во роднински врски со првиот човек на Обвинителство, Ислам Абази.

Инаку, на 5 октомври 2021, автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија – со себе однесе 45 животи.

Борис Грујоски

Advertisements