Анонимни закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат
Непознато лице му упатило пораки со заканувачка содржина на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, информираа денеска оттаму.
Настанот се случил минатата недела, а Трајчевски заканите ги добил на својот мобилен телефон. Пораките, како што велат од Агенцијата, се пратени откако на седницата на АВМУ била отфрлена поднесената анонимна иницијатива за одземање на дозволата на ТВ Алсат-М.
- „Агенцијата ја разгледа доставената иницијатива, меѓутоа се утврди дека не може да се пристапи до линковите кои беа посочени како наводен доказ дека Ве Ве Гроуп, сопственик на Алсат-М ја злоупотребува телевизијата и врши притисок врз државните институции за остварување на своите бизнис потреби. Воедно, Иницијативата беше доставена како анонимна пријава и немаше можност да се извести подносителот да ги отстрани недостатоците во неа“, се вели во соопштението на АВМУ.
КАТЕГОРИИ Uncategorized