Анкети: Хрватска засега меѓу фаворитите на Евровизија, Тамара денес ќе ја промовира песната од Македонија

Роко Блажевиќ со песната „The Dream“ е моментално меѓу главните фаворити за победа на Евровизија, покажуваат анкетите на страницата Wiwiblogs.

„Роко од Хрватска е вашата омилена евровизиска точка засега“, стои во насловот на текстот на оваа страница која го сондира мислењето на јавноста за евровизиските фаворити уште од 2009 година. После Блажевиќ, на листата доаѓаат Италијанецот Махмуд со песната „Soldi“, а на третото место е шпанскиот претставник Мики со „La Venda“, пренесуваат хрватски медиуми.

Нашата претставничка Тамара најави дека денес ќе ја презентира песната со која Македонија ќе учествува на овој натпревар.