Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ, аналитичари: разликата допрва ќе се зголемува

Падот на рејтингот на власта и растот на довербата во опозицијата е резултат на погрешните политики – преголеми ветувања и минумум исполнувањa, велат познавачите. Низата скандали кои го потресоа кабиентот на Зоран Заев допрва негативно ќе влијаат на поддршката на граѓаните, сметаат аналитичарите. Според нив трендот во наредниот период само ќе се засилува.

Последната анкета на ИПИС покажа дека доколку наредната недела би се одржале парламентарни избори најголемиот дел од Македонците довербата би ја дале на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 25.6%. За СДСМ се изјасниле 24.1%.

Анкетата на ИПИС  е спроведена меѓу 6 и 10 август на примерот од 1.110 испитаници.

Ако се спореди со онаа направена од 13 до 17 јуни од страна на истиот институт се забележува раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ за 3.4 процентни поени и пад на довербата на СДСМ за 2.1 процентен поен.

Претходно и анкетата на МЦМС покажа топење на довербата во власта и раст на поддршката на опозицијата.

Мери Ѓорѓиевска