Анкета: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори – Мицкоски со највисок рејтинг помеѓу политичарите

ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголем рејтинг од владејачката СДСМ, Христијан Мицкоски е политичарот со највисока доверба кај граѓаните, значајно мнозинство од безмалку 62% од граѓаните се против францускиот предлог – покажува најновата анкета на ИПСОС. Истражувањето спроведено за потребите на опозицијата покажува дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ би ја победила СДСМ со два спрема еден.

Од испитаниците 19% се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, двојно помалку, односно само 9% за владеачката СДСМ, додека пак партијата на власт има само 4% разлика со Левица, која е фаворит за 5% од испитаниците.

Во албанскиот блок ДУИ води со само 4% разлика пред Алијанса на Албанците. За главниот коалициски партнер во владата се определиле 6%, додека пак опозициската Алијанса, добила поддршка од 2% од испитаниците. По нив следат БЕСА, ДПА и Алтернатива, сите со по 1%.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според резлутатите од анкетата ужива најголема доверба кај испитиниците. Прашани да ја вреднуваат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните највисока оценка дале за Мицкоски. Неговата работа е оцента со 7, додека пак Премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски, од граѓаните добил четворка. Со тројка е оценета работата на Димитар Апасиев и Али Ахмети.

На прашањето, „Дали го поддржувате францускиот предлог“, високи 61,8% од испитаниците одговориле „не“, а само 25,1% одговориле со „да“.

Анкетата била спроведена од 2 до 21 септември на репрезентативен примерок од 1025 испитаници.

Никола Цветкоски

Advertisements