Анкета: Паѓа довербата во Путин

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин „престана да биде неранлив“ што е последица од влошувањето на условите за живот во Русија, пишува рускиот весник „Ведомости“.

Првото социолошко истражување годинава, спроведено од страна на социолошкиот центар ВЦИОМ, покажува дека рејтингот на Путин продолжува да паѓа, односно денес доверба во рускиот претседател имаат 33,4 отсто од граѓаните, за разлика од 36,5 проценти колку што изнесувале на 29 декември.

Ова е најнискиот показател од јануари 2006 година, кога е објавена најстарата анкета на интернет страницата на ВЦИОМ.

Многу е поголем бројот на анкетираните кои ја одобруваат работата на рускиот претседател, но и тие се намалуваат – 62,1 проценти, наспроти 64,6 колку шти изнесувале на 29 декември.

Меѓу главните причини за падот на довербата кон рускиот претседател се зголемувањето на ДДВ на почетокот од јануари и поскапувањето на комуналните услуги, како и минатогодишната реформа со која се зголеми старосната граница за пензионирање, објаснува социологот Григориј Кертман од агенцијата ФОМ.